ЏК Пелистер одбележува 55 години постоење со организација на Балканското џудо првенство за деца

Џудо клубот Пелистер од Битола годинава одбележува 55 години постоење, а тренерот Ѓуро Илиќ 50 години тренерска работа.

Имајќи го предвид јубилејот 50 години ЏК Пелистер Џудо федерацијата на Македонија на битолскиот клуб му ја довери организацијата на Балканското првенство за деца кое ќе се одржи на 29 и 30 јуни.

Првиот човек на Пелистер вели дека оранизацијата на Балканското првенство оди според планираната динамика. До вторник и среда треба се да биде завршено, а потоа да се пречекаат учесниците на првенството.

„Ова многу ни значи како клуб кој слави јубилеј 55 години постоење. Балканското првенство ќе придонесе за развој на џудо спортот во Битола и Македонија, а и ќе имаме убава можност да ја промовираме Битола како туристичка дистинација и спортски град. Од БП ќе имаат корист повеќе дејности во градот, но и соседните градови“, вели Ѓуро Илиќ.

За 55 години низ клубот продефилирале над 3.600 членови, што не е бројка за занемарување.

„Ова се е солидна основа да продолжиме со поголем интензитет, бидејќи сега во џудо клубот имаме седум мајстори, а со континуирана работа ќе продолжиме во таа насока, со едуцирани тренери да имаме силни натреварувачи“, истакнува Илиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON