Бразилската воинка Џесика Андраде ја победи сонародничката Аманда Лемос на многу ефикасен начин на настанот УФЦ Фајт најт 205 во Лас Вегас.
Поранешната шампионка во мува категорија до триумфот стигна во првата рунда со гушење „рачен триаголник“ во стоечка положба, што се уште не е видено во УФЦ.
За Џесика тоа беше возвратна борба во сламка категорија и втора победа во низа.
„Тренерот и јас разбравме како може да оди овој потег и го тренирав. Откако ја заклучив, реков ОК, ќе останам на таа позиција и ќе го завршам мечот“, изјави Џесика Андраде.
Во конасловната борба, исто така во првата рунда со завршница (колено), Клаудио Пуелес го победи Клеј Гвида.
Резултати од УФЦ Фајт најт 205:
Џесика Андраде – Аманда Лемос – завршница (давење од стоење со рачен триаголник), Р1 (3:13)
Клаудио Пуелес – Клеј Гвида – завршница (под колена), Р1 (3:01)
Мејси Барбер – Монтана Де Ла Роса – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Чарлс Журден – Ландо Ваната – завршница (гушење со гилотина), Р1 (2:32)
Марк-Андре Барио – Џордан Рајт – завршница (гушење со гилотина), Р1 (2:36)
Воведни борби:
Сергеј Хандожко – Двајт Грант – ТКО, Р2 (4:15)
Тајсон Педро – Ајк Вилануева – КО, Р1 (4:55)
Чиленг Аори – Камерон Елс – ТКО, Р1 (2:48)
Престон Парсонс – Еван Елдер – едногласна одлука (30-26, 30-27, 30-27)
Филип Линс – Марчин Прачнио – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Мајк Џексон – Дин Бери – дисквалификација (бркање в очи), Р1 (3:52)