Џервонта и Рајан Гарсија на Твитер: Зделката е завршена

Две од најголемите ѕвезди во модерниот бокс, Џервонта „Тенк“ Дејвис и Рајан „Кралот“ Гарсија денеска разменија интересни статуси на своите профили на Твитер кои ги разбрануваа фановите. Веќе подолго време се шпекулираше за меч меѓу нив, а сега на своите навивачи им дадоа уште една трошка надеж. Гарсија беше првиот што едноставно објавиј „Зделката е завршена“, а Дејвис одговори малку подоцна со уште поиздржливото „Завршена“.

Сè уште нема официјална изјава од ниту една од страните, но од неодамна Тенк и Кралот ги користат своите социјални мрежи исклучиво за да се задеваат еден со друи, и не треба да има сомнеж за кој договор станува збор.

Дејвис во последно време направи навика речиси без престан да ги брише своите твитови, а тоа се повтори кратко откако го објави денешниот, што секако не остана незабележано од Гарсија. Тој напиша дека очекува слични акции од неговиот можен иден ривал.

Една од причините зошто не сме ја виделе оваа борба, секако, се крие во промотивните и менаџерските игри за кои толку долго се зборуваше дека го уништуваат спортот. Гарсија е дел од промотивната компанија на Оскар Де Ла Охоа, Глоден бој, а Тенк, барем засега, останува со компанијата на Флојд Мејведер, „Мејведер промоушнс“.

Остануваат прашањата и за случајот на Тенк за сообраќајната несреќа во која удри во неколку автомобили, а потоа избега, а во несреќата остави повредена трудница. Рочиштето треба да се одржи на почетокот на декември.

Ако се случи борбата меѓу нив, тоа дефинитивно ќе биде свеж воздух за долготрпеливиот боксерски навивач откако три од многу очекуваните мечеви се пропаднаа за неколку минути по потпишувањето.

Прво Џошуа и Фјури се скараа, а потоа Конор Бен беше фатен со допинг, испраќајќи ја неговата борба со Јубанк Јуниор во колоната за нејасна борба, а на врвот на се, Ерол Спенс и Теренс Крафорд се чини дека ги пропуштаат сите рокови за борба веќе во 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON