Непоразениот Џервонта Дејвис (29-0, 27 КО) ја продолжи својата серија. Во боксерскиот спектакл во Лас Вегас Тан со прекин во седмата рунда го совлада Рајан Гарсија (23-1, 19 КО) и му го нанесе првиот пораз во кариерата.
Откако си ги одмеруваа силите во првата рунда, продолжението понуди огномет.
Гарсија жестоко влезе во втората рунда и го притисна Дејвис. Во тој налет му порасна самодовербата и почна да биде поотворен.
Но, во втората половина од рундата, Тенк брилијантно го избегна обидот на Рајан и го собори противникот со лево кроше.
Гарсија се крена на нозе и го продолжи мечот, но неговата самодоверба одеднаш се разниша.
И двајцата продолжија да разаменуваат удари во третата рунда, не сакајќи да ризикуваат, а така поминаа и следните две.
Гарсија се разбуди во шестата рунда и стана поагресивен, но Дејвис на секој негов обид одговараше со квалитетни контри.
А потоа дојде седмата рунда каде Тенк ја заврши работата.
Дејвис го искористи моментот и со левицата страна силно го удри Гарсија во црниот дроб, кој од болка клекна во рингот.
Судијата почна да го брои, но тој не можеше да се опорави.
Мечот заврши во 1:44 минута од седмата рунда. Тоа е прв пораз во кариерата на Рајан.
RINGSIDE VIEW: Floyd Mayweather reacts to Gervonta Davis dropping Ryan Garcia in RD2 🤑 #DavisGarcia | #Boxingpic.twitter.com/VhUjV3WOdT
— RINGOFHIGHLIGHTS (@ringofhighlight) April 23, 2023
View this post on Instagram
View this post on Instagram