Џервонта Дејвис одби да го земе хонорарот на Рајан Гарсија

Светскиот шампион во три тежински категории Џервонта Дејвис (29-0, 27 КО) по победата во дуелот со Рајан Гарсија изјави дека нема да му го земе хонорарот.

Да потсетиме, боксерите пред борбата се договорија/ обложија поразениот да му го даде својот дел од платата на победникот. Дејвис зеде дома 5 милиони долари од борбата, а Гарсија ќе земе дома 2,5 милиони долари. Ова се нивните плати, минус процентот на продадени гледања.

„Не, тој може да си ги земе парите. Рајан може да ги има“, изјави Дејвис.

Борбата се одржа како дел од боксерската вечер во Лас Вегас ноќта меѓу 22 и 23 април и заврши со победа на Дејвис со нокаут во седмата рунда.

Вреди да се спомене дека за Рајан Гарсија ова е прв пораз во професионалната кариера. Пред тоа имаше 23 победи.

Џервонта Дејвис пак останува непоразен. Има 29 победи во 29 професионални борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON