Џервонта Дејвис и Рајан Гарсија се договорија за меѓусебна пресметка

Се шпекулира за фантастична боксерска борба во лесна категорија меѓу Џервонта Дејвис (27-0, 25 КО) и Рајан Гарсија (23-0, 19 КО).

Двајца големи борци ќе се сретнат во рингот на настанот кој е најавен за следната година во Лас Вегас. Но, мечот може да се случи во втората половина од годината.

Имено, Џервонта Дејвис изјави дека ќе се врати во рингот на 7 јануари, но противникот се уште не е познат.

Дејвис моментално е носител на појасот ВБА (регуларен), а последниот настап му беше на крајот на мај кога со технички нокаут го совлада Роландо Ромеро. Сега е време за вистинскиот испит.

А Рајан Гарсија се вели дека ги има „најбрзите раце на светот“. Во својот последен меч во јули, во шестата рунда со нокаут го совлада Хавиер Фортуна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON