Џеред Андерсон договори меч против Мартин Баколе, и Енди Руиз се враќа во рингот

Саудијците најавија нов голем боксерски настан кој ќе се одржи на почетокот на август.

Имено, Сезоната во Ријад се сели во Лос Анџелес, каде што ќе се одржи спектаклот кој го предводи во пресметката меѓу Теренс Крафорд (40-0) и Израел Мадримов (10-0) во супер велтер категорија.

Узбекистанецот првпат ќе го брани шампионскиот појас во ВБА против еден од актуелните најдобри боксери во светот.

На истиот настан е договорена пресметка меѓу двајцата врвни тешкаши Џаред Андерсон (17-0) и Мартин Баколе (20-1-0).

За вистинското големо бебе дуелот против Конгоанецот ќе биде најтешкиот тест во досегашната кариера

Со пораз на Баколе Андерсон ќе се приклучи на друштвото на најдобрите светски тешкаши.

И Енди Руиз (35-2-0) се враќа во рингот, а противник ќе му биде Џарел Милер (26-1-1).

На истиот настан се договорени мечевите на Радивој Калајџиќ (29-2-0) и Дејвид Морел (10-0), и Енди Круз (3-0) и Антонио Моран (30-6-1).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON