Борбата меѓу Џејк Пол и Андерсон Силва е официјална.
Двајцата се среќаваат во боксерскиот ринг по неколку часа во „Desert Diamond Arena“ во Глендејл, Аризона. Силва прв стапна на вагата и закова 84,41 килограми. Тогаш Пол беше нешто потежок и покажа 84,59 килограми.
Ова е трет последователен противник на Полкој бил шампион во ММА. Силва доминираше како шампион на УФЦ во средна категорија од 2006 до 2013 година, во еден момент направи рекордна серија од 16 победи на УФЦ.
Џејк доаѓа со нокаут победи над Бен Аскрен и Тајрон Вудли.
Џејк Пол (186,5/ 84,59 кг.) – Андерсон Силва (186,1/84,41 кг.)
Ештон Силве (132,4) – Браулио Родригез (132,5)
Александро Сантијаго (117,9) – Антонио Ниевес (117,8)
Ураја Хол (198.6) – Ле Вон Бел (197,6)
View this post on Instagram