Џејк Пол 25-35 милиони долари за борба во ММА

Џејк Пол изјави дека е подготвен да се бори со Хабиб Нурмагомедов, но за 25-35 милиони долари.

Хабиб и неговата организација Игл ФC минатата недела му дадоа понуда за ММА меч на Пол. За негово привлекување веројатно ќе биде заинтересиран и претседателот на УФЦ, Дана Вајт. Јутјуб ѕвездата веќе има 5 последователни победи во професионалниот бокс, од кои 4 се со нокаут.

Пол постојано навестуваше дека ќе оди во ММА, но рече дека ќе бидат потребни многу пари за да го одведат во кафез.

„Заинтересиран сум да правам ММА борба, но не во многу блиска иднина. Морам да вежбам малку удирање со нога, малку џиу-џицу – околу 2 години. Ако парите се добри можеби помалку, но во моментов никој не става нешто на маса“.

Пол сподели мислење за понудата од Игл ФЦ.

„Хабиб тврди дека ми понудиле договор – тоа не е точно. Никогаш не ми дадоа понуда. Игл ФЦ се уште нема направено настан. Не плукам по тоа што го прават, но ми требаат повеќе пари отколку во боксот, за да ризикувам и да влезам во ММА, треба да смислат 25-35 милиони долари за да почнат да зборуваат за тоа.

Би одел против Хабиб, ако ми понудат. Затоа што ќе биде интересно. Особено ако имам повеќе време да се подготвам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО