Џарел Милер се откажа од борбата против Фабио Вордли

Неколку извори објавија дека Џарел Милер се откажал од закажаната борба со Фабио Вордли.

Нивната борба беше закажана за 7 јуни во Ипсвич, а тие требаше да се борат за привремената титула на ВБА.

Сè уште не е познато зошто Биг Бејби се откажал од борбата. Сепак, Вордли останува на настанот, а сега се бара замена за противник.

Ќе биде интересно да се види кој ќе го замени Милер, бидејќи настанот е за нешто повеќе од еден месец.

Милер има 36 години и којзнае дали ќе добие толку добра можност да се врати во друштвото на најдобрите. Откако загуби од Даниел Дубоа, тој ремизираше со Енди Руиз Јуниор во последната борба минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON