Предизвикувачот во тешка категорија Џарел Милер верува дека би го нокаутирал светскиот шампион Ентони Џошуа – доколку се сретнеа во јуни 2019 година.
Битката требаше да се одржи во Медисон сквер гарден во Њујорк (САД), но Милер беше елиминиран од дуелот, откако позитивен на допинг тетсот на неколку лекови за зголемување на ефективноста.
Милер беше заменет со Енди Руиз, кој ја направи една од најголемите сензации во историјата на кралската категорија кога четири пати го прати во нокдаун Џошуа пред да го запре во седмата рунда.
„Одам да го ставам Ентони Џошуа во ковчегот. Би го повредил на начин никогаш повеќе да не смее да ме погледе. Знаев дека можам да се справам со него. Многу луѓе не знаат, но Енди Руиз ме молеше да му станам спаринг-партнер“, рече Милер.
„Се наканував да го поканам Енди Руиз во мојот тим за тренинг. Многу луѓе ме прашаа: „Зошто го покануваш Енди Руиз во екипата? Тој е низок, мек. Стилот му е различен. Тој е борец и е добар од блиска дистанца. Тој фрла комбинации и има брзи раце. Тој не е добар од дистанца.
Џошуа се обиде да се бори против него, но Енди го скрши. Ако Џошуа беше со мене, ќе го повредев уште повеќе“.