Џаред Андерсон сака да биде дел од декемврискиот настан предводен од Усик – Фјури

Американскиот боксер Џаред Андерсон е подготвен за борба на програмата на настанот, кој ќе биде главен со реваншот меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.

Имено, двајцата актуелни најголеми тешкаши, кои кон средината на мај се борат за титулата апсолутен светски шампион, на 21 декември во Саудиска Арабија ќе имаат реванш.

Украинецот беше успешен во првиот меч. Усик го победи Фјури со поделена одлука и ги обедини сите шампионски појаси во тешка категорија.

А Џеред Андерсон викендов се бори против Мартин Баколе, тоа ќе биде најголемиот тест во неговата кариера, а се надева дека на крајот на годината ќе биде дел од боксерскиот спектакл.

„Ништо не ми беше кажано, но многу би сакал да се борам на 21 декември. Би сакал да бидам на програмата на тој настан“, изјави Џаред Андерсон и додаде:

„Кој и да е мојот следен противник, мора да знае дека пред себе ќе има вистински противник и мора да биде максимално подготвен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON