Кнескиот боксер Жилеј Жанг го победи Џо Џојс со нокаут во третата рунда во реваншот во лондонската Вембли арена и го одбрани привремениот појас на ВБО.
Во реваншот Џојс сакаше да му се одмазди на Кинезот за поразот во април, кога загуби со прекин во шестата рунда.
Британецот не ја научи лекцијата од пред неколку месеци, а овој пат приказната заврши многу порано.
Не му помогнаа ниту десетте килограми вишок што ги стави во однос на последниот меч.
А Жанг пред борбата најави дека повторно ќе доминира против Џојс и тоа го потврди.
„Па, реков дека ќе ја завршам борбата порано“, изјави Жилеј Жанг по мечот и додаде:
„Џојс е одличен борец, го почитувам, но сега видете каква сила имам. Ја забавуваме публиката, се надевам дека уживавте во мојот настап“.
Кинескиот тешкаш тогаш ја праша публиката:
„Сакате да ме видите како го замолчувам Тајсон Фјури?
Жилеј Жанг можеби сака борба против Тајсон Фјури, но таа борба веројатно нема да се случи наскоро.
За него многу пореален е меч против Филип Хрговиќ, за да му се реваншира за единствениот пораз во кариерата.
Zhilei Zhang knocks out Joe Joyce pic.twitter.com/1rumZk96kC
— Will (@ChillemDafoe) September 23, 2023