Алекс Переира и Џамахал Хил не мораа да чекаат до прес-конференцијата пред борбата на УФЦ 300 за да се видат во живо.
Патиштата на двајцата борци од галвниот настан на УФЦ 300 се вкрстија во вторникот во Лас Вегас и го одржаа професионално. Переира (9-2 ММА, 6-1 УФЦ) го брани појасот во полутешка категорија против Хил (12-1 ММА, 6-1 УФЦ) во сабота во Т-Мобиле Арена.
За време на разговорот во вторникот, Хил му честиташе на Переира и побара од него да се потпише на качулката од дуксерот пред да се ракуваат и да тргнат по својот пат.
CHAMA 👀@AlexPereiraUFC and @JamahalH come face-to-face for the first time on Fight Week😮💨#UFC300 | Saturday | LIVE on TNT Sports & discovery+ pic.twitter.com/YE2dxbXAhb
— UFC on TNT Sports (@ufcontnt) April 9, 2024