Џеј Опетаја го нокаутира Дејвид Ника во четвртата рунда и ја задржа титулата на ИБФ во полутешка категорија

Австралискиот боксер Џеј Опетаја ја продолжи успешната серија. Пред својата публика на настанот во Голд коуст го победи со нокаут во четвртата рунда Новозеланѓанецот Дејвид Ника и го одбрани појасот на ИБФ во полутешка категорија.

Тоа беше 27-ма победа во кариерата за Опетаја и 21-ва со нокаут, што докажува дека е подготвен за поголеми предизвици.

Ника уште во првата рунда се обиде да му се закани на Опатаја, кој успешно се одбрани, а во завршницата на рундата Австралиецот ја презеде иницијативата.

Џеј продолжи со високо темпо, продолжувајќи брзо да го напаѓа противникот, а во втората рунда беше извесно дека мечот нема долго да трае.

Опетаја погоди неколку добри удари, а се чинеше дека Ника се потресе и беше само прашање на време кога ќе капитулира.

Новозеланѓанецот се обиде да возврати, но не возврати со жестина, неговите индивидуални удари не му наштетија на Опетаја, кој изгледаше многу опуштено пред својата публика.

По нешто помирната трета рунда Опетаја дополнително го зголеми интензитетот во четвртата и продолжи да погодува комбинации, насетувајќи дека ова може да биде почеток на крајот за неговиот противник.

Австралискиот борец со брилијантен десен удар го собори Ника, кој се врати во борбата по судиското броење. Домашниот борец продолжи да удира и по еден лев удар Новозеланѓанецот заврши нокаутиран. Погледнете го нокаут видеото ТУКА.

Тоа беше прва борба на Џај Опетаја пред навивачите во Австралија по две години, а сега се чини дека неговиот следен потег би можел да биде судирот против Жилберт Рамирез-Зурдо, кој ги има титулите на ВБА и ВБО во полутешка категорија.

Според неодамнешната изјава на промоторот Еди Херн, Опетаја ги има потребните вештини за да ги обедини титулите во полутешка категорија, по што може да го предизвика непоразениот шампион во тешка категорија Александар Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО