Двократниот првак на ВСОФ се враќа во УФЦ

Поранешниот двократен првак на Светската на серија на борбите (ВСОФ  – World Series Of Fighting) Дејвид Бренч (20-3) се враќа во УФЦ.

35-годишниот Американец има постигнато 10 победи во исто толку борби во ВСОФ и притоа ги освои шампионските појаси во средта и полутешка категорија.

Во февруари ја напушти организацијата откако побара и го доби раскинувањето на договорот. Последниот пораз го доживеа во 2012 година на Титан ФЦ од предизвикувачот за титулата на УФЦ, Ентони Џонсон.

Бренч веќе се бореше во УФЦ. Во краткиот период од јули 2010 година до март 2011 година направи четири борби и забележа две победи и два порази. Неговите најважни резултати во УФЦ се победата над Томаш Дроул и поразот од Роусимар Паларес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON