Двократен шампион на Глори е позитивен на Ковид-19

Двократниот шампион во кик бокс, Робин ван Росмален, кој е актуелен ММА борец во Белатор, е заразен со коронавирус.

Холанѓанецот требаше да дебитира за вториот најпознат ММА синџир во светот на настанот „Белатор Милан 3“, што се одржа викендот во Италија. Росмален ќе се соочеше со Наусет Трухило, но не стигна до меч. Поранешниот кикбоксер беше позитивен на Ковид-19 веднаш по официјалното мерење.

Робин ван Росмален потпиша со Белатор во 2019 година, но сè уште нема деби за компанијата. Тој има биланс од 2 победи од 2 средби во мешаните боречки вештини. 31-годишниот борец ги доби и двата меч со техничкиот нокаут. Во првиот го победи Атиндорус Михаилидис на настанот „Финален фајт шампионат 22“ (ФФЦ), одржан на 19 февруари 2016 година, а на вториот Росмален го доби во нашиот борец Ристо Димитров  на настан на ФФЦ во Атина (11.03.2017).

Робин ван Росмален има импресивни 69 меча како кик боксер, добивајќи 51 од нив и стигнувајќи до титули во перо и во лесна категорија за време на неговите денови во Глори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО