Двегодишна суспензија за Чад Мендес

Chad Mendes

Двократниот предизвикувач за титулата на УФЦ во перо категорија, Чад Мендес е суспендиран две години поради позитивен допинг тест, ова беше официјално потврдено од Анти-допинг агенцијата на САД (USADA/УСАДА).

Од УСАДА потсетува дека причина за казната е позитивниот тест на Мендес на 17 мај по извршен тест надвор вон натпреварувачкиот период.

31-годишниот борец е фатен во користење GHRP-6, што е пептид хормон средство за зголемување на лачењето на хормонот за раст.

Пред некое време Чад Мендес се сметаше за втор најдобар борец во перо категорија, веднаш зад тогашниот шампион Хозе Алдо. Но сега ќе мора да почека до 2018 година, за да може повторно да влезе во октагонот.

Во последниот меч во декември беше нокаутиран од Френки Едгар, а има три порази и само една победа во последните четири натпревари од УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON