Лилјана Недановска од Џудо клубот Преспа вчера освои два златни медала на Меѓународниот турнир „Понтос“ во Солун, Грција.
Недановска медалите ги освои во пионери и во кадети до 57 килограми.
„Нашиот џудист се прикажа во одлично светло со одлични борби. Посакуваме да продолжи со исто темпо“, велат од Преспа кој настапи само со еден натпреварувач.
Ipon.mk