Џудистите на Ипон од Ск0пје и на турнирот „14 Октобар“ во Краљево освоија два златни и еден сребрен медал, откако претходно оставрија речиси идентичен успех и во Никшиќ, Црна Гора.
Имено Амра Фејзула се закити со злтниот медал во категорија до 63 килограми, Хамза Јашари со сребрениот медал во категорија до 50 килограми, додека Арбреша Реџепи беше прва во категорија до 48 килограми пионерки.
„Нашите спортисти прераснуваат во врвни џудисти кои неколку години наназад се освојувачи на медали, се надеваме дека еден ден ќе се закитат со европско и светско злато. Секако, најпосакуван сјај на управата на клубот е сјајот на Олимпиското злато“, вели тренерот Горан Мицкоски.
Тој смета дека и во иднина нивниот клуб ќе биде расадник на таленти, но и да не се заборави основната цел, да воспитуваат и образуваат здрави деца, кои ќе бидат иднината на нашата држава.
ipon.mk/ В.Д.