Младите натпреварувачи на Таеквондо клубот Бутел освоија два златни и по еден серебрен и бронзен медал на Меѓународниот турнир „Леон опен“ во Софија, Бугарија.
Медалите ги освоија:
кадети
Филип Блажевски ( -41 кг) – златен медал со две победи
Дамјан Раевски (-33 кг) – сребрен медал со една победа
пионери
Андреј Василевски (- 33 кг) – бронзен медал со две победи
Анјелка Стамкова (-30 кг) – златен медал со две победи
Екипата ја предводеше сениорскиот репрезентативец Костадин Георгиевски кој воедно е и помошен тренер.