Јапонците го враќаат достоинството на џудото со две шампионски титули за еден ден во Рио.
Во машката категорија до 90 килограми, Машу Бејкер, џудистот чиј татко е Американец, а мајка Јапонка, го совлада Грузиецот Варлам Липартелијани. Бронзените медали ги освоија Јужнокореецот Донган Гвак и Кинезот Ксунжа Женг.
– 90 кг-м
1.Машу Бејкер (Јап)
2.Варлам Липартелијани (Гру)
3.Донган Квак (Кор)
3.Ксунжао Ченг (Кин)
Во женската категорија до 70 килограми триумфираше Харука Тачимото, која ја победи Колумбијката Јури Алвеар, додека бронзените медали ги освоија Британката Сели Конвеј и Германката Лаура Варгас Кох.
– 70 кг-ж
1.Харука Тачимото (Јап)
2.Јури Алвеар (Кол)
3.Сели Конвеј (Бри)
3.Лаура Варгас Кох (Гер)