Две сребра и три бронзи за младите џудисти на Дрим во Белград (ФОТО)

Џудистите на Дрим од Струга освоија пет медали на Меѓународниот турнир „Радомир Ковачевиќ – Џиги“ во Белград-Србија, два сребрени и три бронзени.

Медалите ги освоија Марио Нелоски (- 34 кг) и Герасим Кумбароски (-24 кг) сребрени, Христијан Глигороски (66 кг), Анамарија Стојмиловска (-24 кг) и Михаил Касниоски (-34 кг) бронзени медали.

„На страшно квалитетниот меѓународен натпревар во Белград, кој го организираше најуспешниот џудо клуб во Србија, Раковица, матичен клуб на европскиот шампион Александар Кукољ, Дрим со 6 натпреварувачи и освои 5 медали – 2 сребра и 3 бронзи. Ова е знак дека голем е квалитетот на нашиот клуб и на вака големи натпревари освојуваме многу медали. Ова не е се, туку утре го продолжуваме нашето натпреварување во Нишка бања на Вук опен“, вели тренерот на Дрим, Ѓорги Стојанов.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON