Екипата на ЏК Пролетер од Прилеп освои 2 сребрни и 2 бронзени медали на 3.Меѓународен „Џудо куп“ во Белград, Србија, а во организација на ЏК Партизан, кој се одржа изминатиот викенд.
Сребрени медал освоија Никола Спиркоски и Михаил Стојановски Михаил, додека со бронзените завршија на грдаите на Марко Кироваков и Мартин Петрески
На турнир учествуваа околу 600 натпреварувачи 50 клубови од сите балкански земи.
„Овој, исклучително посетен турнир, трибините во Спортскиот центар „Шумице“ беа исполнети до последното место, како и навистина тешката конкуренција, беше вистинска можност нашите млади натпреварувачи да се покажат во вистинско светло“, истакнуваат од ЏК Пролетер.
Ipon.mk/В.Д.