Македонската машка универзитетска репрезентација од Униврезитетот „Свети Кирил и Методиј“ Светските универзитетски игри за боречки спортови во Самсун, Турција, го освои сребрениот медал.
Нашиот тим загуби од репрезентацијата на Јордан во финалната борба со резултат 1-3, со тоа тие го освоиа сребрениот медал и станаа светски вице шампиони.
Машката екипа беше во состав Петар Спасеновски, Давид Петков, Димитар Илиевски, Глигор Петков и Петар Заборски
Нашиот тим во женска конкуренција исто така настапи во финалето и загуби со резултат 0-2 од репрезентацијата на Хрватска.
На ова првенство освоени се вкупно 2 (два) сребрени медали во екипните настапи во дисциплината борби во најтешката дисциплина екипно борби за мажи и жени, и 1 (еден), бронзен медал во поединечна конкуренција борби од страна на спортистот Давид Петков -67 кг.
Женскиот тим настапи во состав Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска , Марија Петровска и Моника Пендаровска.
„Посебно сакаме да истакнеме дека во поединечна конкуренција нашиот репрезентативец Давид Петков -67 кг, успеа во борбата за бронзен медал да го совлада украинскиот репрезентативец Јановски Давид со резултат 1-0, и се закити со бронзениот медал“, вели селекторот Бошко Заборски.
Ангела Мојсовска -68 кг, Викторија Јовановска -61 кг и Марија Петровска -55 кг завршија како 5 петтопласиран во своите тежински категории, сите загубија во борбите за бронзени медали.
„Задоволни и горди сме од постигнатиот спортски резултат. Успеавме да освоиме две сребрени и една бронзен медал, и, секако, три високи пласмани на петтото место. Тоа е доказ дека ние имавме одличен настап и на ова големо натпреварување од страна на сите наши избраници. Ова е селекција веќе е докажана како многу квалитетна и продолжува да не радува со постигнување на големи спортски резултати. Со малку среќа, ние можевме да имаме и дуплиран број на медали. Тоа значи дека го поседуваме квалитетот на високо технички дотерани и подготвени врвни натпреварувачи и сега само треба да го чекаме моментот кога секој од нив ќе биде медалист на некое следно првенство. Сакам да истакнам дека оваа генерација на каратисти во машка конкуренција се издвојуваат како најуспешна студентска генерација, бидејќи тие се единствени кои успеале да бидат три пати финалисти во дисциплината екипно борби. Два пати успеваат на Европските Универзијади првично во Загреб, каде што успеаја да го освојат европскиот сребрен и по две години и златен медал на следните Универзитетски игри во Лоѓ. А, сега успеваат да станат и сребрени медалисти на еден светски натпревар во карате спортот изјава“, истакна селекторот на македонската универзитетска карате репрезентација Бошко Заборски.