Две сребра и бронза за македонските карате тимови во борби и кати на Балканското првенство

Денеска во екипниот дел на натпреварите на Блаканското карате првенство кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска, македонските тимови освоија три медали – 2 сребрени и 1 бронзен.

На Балканското првенство Македонија освои вкупно 13 медали – 2 златни, 3 сребрени и 8 бронзени и се најде петата позиција. Пред нашата репрезентација се Босна и Херцеговина со 26 медали (12-4-10), Турција 24 (9-6-9), Србија 31 (7-8-16) и Хрватска 23 (5-6-12).

Кумите тимот У-21 – мажи славеше против Косово 3-1, потоа 3-0 над Хрватска и во финалето загуби 0-2 од Босна и Херцеговина.

Ката тим кадети/јуниори мажи во групата беше подобар од Србија и Босна и Херцеговина, а во финалето загуби од Турција 24,72 – 26,32.

Кумите тимот У-21 жени прво го помина Косово 0-0, потоа загуби од Словенија 1-2, а во борбата за бронзата славеше против Грција 2-0.

Медали освоија:

Ката тим кадети/јуниори – мажи – сребрен медал

Кумите тим У-21 – мажи – сребрен

Кумите тим У-21 –жени – бронза

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON