Даниел Филипов-Смок кој настапува за Џудо клубот ЕЛЗ на вчерашниот џудо турнир во Ландес лигата во Германија имаше две борби кои ги доби со ипон.
„Лигата ми завраши само со еден пораз. Се борев до 100 килограми, а противниците ми беа од Дамштад и Лимбург“, истакна Филипов.
Во меѓувреме, додека се натпреваруваше во џудо, тој потпиша договор со друг клуб во борење, бидејќи паралелно настапува и во двата спорта и тоа многу успешно.
„Оваа година ќе се борам за два клуба и ќе имам повеќе борби. Ме купи и клубот Кобленц, така што годинава ќе излегувам на душекот и во Вербандс лигата и во Оберлигата“, вели поранешниот борач на Спартак од Кочани, Даниел Филипов.
Ipon.mk/В. Д.