Џудистите на Дрим на Меѓународниот турнир „Куп Дробета” во Дробета Турну Северин, Романија, освоија две одличја во конкуренцијана 400 натпреварувачи од 7 држави.
Дрим настапи со 5 натпреварувачи, а со медали се закитија Анамарија Стојмиловска (-44 кг) сребрен и Христијан Глигороски (-81 кг) борнзен.
Од клубот велат дека одлични борби прикажале и Андреј Вељаноски, Андреј Симоноски и Васко Кицески.