На 6-тиот турнир „Зрењанин опен“ Таеквондко клубот Петровец освои два бронзени медали, додека ТК Делини Илинден освои еден златен и еден сребрен медал.
Иво Сандев (-37 кг) кадети А-класа освои бронзен медал, а Никола Џопевски бронзен медал во кадетска конкуренција -33 кг во А- класа.
Од ТК Петровец учествуваа и Ива Сандева и Даниела Ѓоргиевска кои не освоија медали, но прикажаа одлични борви.
За Делини Илинден најмалите беа најуспешни. Даријан Ангеловски, пионери прва група (од 6 до 8 години ) Б-класа до -33 кг освои златен медал, а Дамјан Богдановски, пионер втора група од 9 до 11 години, освои сребрен медал.
Од Делини Илинден настапија и Деспина Јовчевска, кадет -51 кг, Христијан Спасовски -59 кг, јуниор, и Давид Костадиновски, сениор -68 кг, на кого ова му беше прва сениорска борба.
На турнирот учествуваа окулу 560 натпреварувачи од 10 земји.
Ipon.mk/В. Д.