Двајца членови на Кендо клубот Теншин од Охрид тешко повредени во сообраќајна несреќа.
Синоќа, по завршувањето на Новогодишниот кендо турнир, членовите на Кендо доџо Теншин од Охрид, на пат за Охрид, кај село Групчин, Тетово, застанале да помогнат на излетано возило и на патниците во него, како што и налага спортскиот дух.
Во текот на извлекувањето на нив налетал џип, кој прегазил четворица од помагачите. Двајца од нив се дел од екипата на охридскиот тим. Ноќеска се пренесени на Ургентниот центар во Скопје каде се и оперирани. И двајцата се вон животна опасност, но со тешки скршеници.
– Сите кендоки и пријатели се молиме за нивно здравје и што поскоро оздравување, вели на својот ФБ профил мајсторот по кендо Златко Кескоски.
ipon.mk/В.Д.