Македонскиот тим постигна историски сензационални високи резултати на Европското првенство во кинеско борење одржано во Монтесилвано, Италија, освојувајќи 3 медали – 2 златни и 1 сребрен.
Медалите ги освоија Марко Андонов и Марко Топузовски златени и Кристијан Марков сребрен.
Тренери Страшо Глигоров и Горан Андонов истакнуваат дека одлични борби прикажале и Марко Поповиќ и Бранислав Поповиќ, и биле многу блиску до освојување на медали на ова континентално првенство.