Два спектакли го загреваат реваншот меѓу Вжосек и Хари на Глори 80

Претстојниот настан Глори 80 ќе го предводи реваншот во тешка категорија меѓу Аркадиуш Вжосек и Бадр Хари, но и подготвителните мечеви ќе бидат исполнети со многу акција и динамика.

Два натпревари се додадени на гала вечерта која ќе се одржи на 19 март во Белгија.

Љубителите на кикбоксот ќе можат да уживаат во големото загревање помеѓу поранешниот кандидат за титулата во тешка категорија Џамал ​​Бен Садик и Леви Ритерс.

31-годишниот Бен Садик беше поразен во последниот меч против шампионот Рико Верховен и сега со победи ќе бара враќање во редот. 26-годишниот Ритерс во неговиот последен меч во септември го совлада Томаж Мозни, а новата победа ќе го доближи до меч за титулата.

Секако, гала вечерта не може да помине без шампионска борба.

Русинот Артем Вахитов кој е носител на појасот во полутешка категорија ќе ја брани титулата против Холанѓанецот Луис Таварес.

30-годишниот источноевропеец во својот последен меч го победи Алекс Переира, додека 30-годишниот Холанѓанец со корени од Зеленортските Острови е во серија од четири последователни победи, последната е со Фелипе Микелети од Бразил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON