Српскиот натпреварувач, Душан Ѓакиќ, го спаси од сигурна смрт својот противник Себастијан Емини (21)За време на „СБЦ4“ во Србија. По неколкуминутна борба, хрватскиот претсатвник ја загуби свеста во рингот, но Србинот веднаш го спаси од давење и му помогна, заедно со судијата и лекарската служба.
„Кога видов дека Емини падна во несвест, веднаш го свртев на страна и му ги извадив заштитната гума и јазикот надвор од устата за да не се задуши. Му помогнав, без разлика што тој е од Хрватска. Не сум националист“, изјави Ѓакиќ неколку дена по страотната случка.
Херојскиот потег на Ѓакиќ кој доби поздрав од целиот свет може да го погледнете по4:20.