И вториот ден на Гранд при турнирот Астана 2014 во Казакстан беа прикажани добри борби.
Денеска домашната немаше можност да се радува на своите џудисти како вчера, бидејќи победниците се од Израел, Австрија, Франција и Русија. Во категоријата до 63 килограми златниот медал го освои Изреалката Јарден Герби, а Бернадете Граф од Австрија беше прва во категоријата до 70 килограми.
Пјер Дупарт се погрижи за честа на француската репрезентација во категоријата до 73 килограми, а Алан Кубецов во категоријата до 81 килограм покажа дека и Русија има адути за највисок пласман.
Утре се очекуваат највозбудливите борби.
Резултати, жени -63 кг
1.Јадрен Герби – Израел
2.Ана Бернхолм – Шведска
3.Катрин Унтервурцахер – Австрија
3.Едвиџ гвенд – Италија
жени -70 кг
1.Бернадете Граф – Австрија
2.Естерм Стам – Грузија
3.Лаура Фаргаскох – Германија
3.Цаундра Дидрих – Германија
мажи -73 кг
1.Пјер Дупарт – Франција
2.Саги Муки – Израел
3.Цаганбатар Кашабатар – Монголија
3.Ниам-Охир Сањаргал – Монголија
мажи -81 кг
1.Алан Кубецов – Русија
2.Касан Каламурзаев – Русија
3.Бенјамин Муенних – Германија
3.Азис Калкаманули – Казакстан