Седрик Думбе пред своите навивачи прв пат ја бранеше титулата на Глори во велтер категорија до 77 килограми.
26-годишниот камерунско-француски борец му се реваншира на Алим Набијев за поразот во март минатата година тешко нокаутирајќи го Азербејџанцот во втората рунда.
Думбе го рушеше Набиев, кој претходно ги спушташе рацете и предизвикуваше, прво со одлично десно кроше од контра, откако прими удар со колено во телото. Борбата веќе тука требаше да бидет прекината, но судијата му дозволи на Азербејџанецот да продолжи, а шампионот нападна со серија на удари, завршувајќи работата со ново десно кроше од које Набиев ја изгуби свеста.
Во втората по ред одбрана, Артем Вахитов имаше големи проблеми. Откако во август се провлече против Дани Илунга, 28-годишниот Русин со тесна поделена одлука против Донеги Абен по пети пат го одбрани појасот во полутешка категорија.
Вахитов го повреди Суринамецот со удар со колено во телото во првата рунда, но по втората веќе не ја користеше десната рака и се чинеше дека повторно ја скршил.
Абен добро го погоди Русинот со хај кик во четвртата рунда. Борецот од „Мајк џим“ беше многу подобар во последните две рунди, но Русинот пак успеа да извлече победа.
Бугаринот Стојан Коприленски направи голем меч и во третата рунда му предизвика голема исеченица над десното око на Мохамед Јарај, заради што мечот беше прекинат.
Глори 66:
Седрик Думбе – Алим Набиев (KO, Р2)
Аниса Мексико – Софија Олофсон (ТКО, Р2)
Мохамед Мецури деф. Адам Хадфилд (TKO, Р1)
Фелипе Мичелети – Луис Таварес (поделена одлука 28-29, 29-28, 29-8, 29-28, 29-28)
Серија Супер фајт
Артем Вахитов – Донеги Абена (47-48, 49-46, 49-46, 48-47, 48-47)
Артур Горлов – Јегиш Тегоијан (едногласна одлука, 30-27, 29-28, 29-28, 30-27, 29-28)
Стојан Коприлевски – Мохамед Јараја (ТКО, Р3)
Антонио Плазибат – Нордин Махидедин (едногласна одлука 29-28, 29-28, 29-28, 29-28, 29-28)
Алексеј Улианов – Масаја Кубо (едногласна одлука, 30-26, 30-26, 30-26, 30-26, 30-26, 30-26)
Мајкл Паландри – Влад Туинов (поделена одлука 28-29, 28-29, 29-28, 29-28, 29-28)