Дубоа лут по поразот од Усик: Ми ја однесоа победата со измама

Непоразениот Александар Усик стигна до 21. победа во професионалната кариера и 14. со нокаут.

На настанот во Вроцлав, украинскиот боксер со прекин во деветтата рунда го победи Даниел Дубоа и ги одбрани шампионските појаси на ВБО, ВБА и ИБФ во тешка категорија.

Усик доминираше во текот на борбата и со одлични комбинации го погоди противникот, а во петтата рунда Дубоа го удри под појасот, поради што мечот беше прекинат на неколку минути.

По кратка пауза Украинецот продолжи со истата тактика, градејќи го патот до победата.

На крајот од осмата рунда го испрати Даниел во нокдаун, а во следната работата штотуку беше завршена.

По една фантастична комбинација шампионот го нокаутира Дубоа, кој беше лут по поразот, бидејќи смета дека ударот во петтата рунда бил добар.

„Бев ограбен, тоа не беше низок удар“, рече Даниел Дубоа и додаде:

„Верувам дека ударот падна на вистинското место. Ми ја однесоа победата со измама“.

Незадоволство изразија и неговиот промотор Френк Ворен и тренерот Дон Чарлс.

„Пуштете ја снимката за да ја види целиот свет. Даниел го удри фер и судијата требаше да му брои на Усик“, грмеше Френк Ворен, а потоа продолжи:

„Зошто не му дадоа негативен бод на Даниел ако тоа беше недозволен удар. Судијата згреши. Го сакам Усик, но ова беше одлука на домаќинот. Нему му беа дадени неколку минути да се опорави од легален удар и наместо тоа требаше да се брои. Тотална глупост, судиската комисија веднаш да нареди реванш“.

Промоторот на Дубоа Френк Ворен најави дека ќе се жали на исходот од натпреварот и ќе бара реванш меѓу Усик и Дубоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON