На вчерашниот турнир за бразилска џиу џица за деца од 4 – 17 години „БЏЏ Јуниор 2“во Белград, Србија, „Д’Стронгест & Рутс БЏЏ“ освои 15 медали.
Златни медали освоија: Бојан Митковски, Срна Миткова, Томи Блажевски и Леон Митков.
Сребрени медали: Даниела Алексовска, Марко Панчевски, Ива Богдановска, Марко Ристовски и Стеван Николиќ.
Бронзени медали: Александар Колевски, Лука Богдановски, Леон Митков, Никола Цветановски, Никола Даковиќ и Ивица Обрадовиќ.
„Нашиот тим претежно беше составен од членови од нашиот централен клуб во Скопје, а имаше членови и од „Рутс БЏЏ Охрид“ и „Рутс БЏЏ Краљево“. За повеќето наши претставници ова беше прв или втор меѓународен турнир во бразилска џиу џица. Некои борби беа против потешки и поискусни противници, но, сепак, на крајот,како екипа, имавме успех. Со оглед на постигнатите резулатати, очигледно е дека имаме квалитетна БЏЏ иднина. Овие мали шампиони докажа дека ни претстојат уште многу успеси и радости“, изјави претседателот на Македонската БЏЏ федерација и тренер, Ивица Алексовски.
Турнирот се одржа во организација на клубот за боречки вештини „Секутор“од Белград. Настапија над 180 натпреварувачи од Србија, Македонија, Романија, Хрватска, Република Српска.
Ipon.mk/В. Д.