Државното првенство во бокс кон крајот на мај или почетокот на јуни

Државното првенство во бокс ќе се одржи кон крајот на мај или почетокот на јуни. Ова беше одлучено на вчерашниот состанок на Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија со тренерите на клубовите.

Првенството ќе биде поделено во два дела, односно еден викенд ќе се одржи првенството за ученици и кадети, а наредниот за јуниори и сениори. Сето ова се прави за да се спазат сите мери за безбедност од коронавирусот.

Од Боксерската федерација на Македонија се надеваат дека и пандемијата дотогаш ќе попушти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО