Државно првенство во кик бокс – кик лајт и К-1 и ММА во Скопје

Во недела во Скопје се одржува Државното првенство во кик бокс во кик лајт (татами) и К-1 и MMA (ринг) за сите возрасни категории.

Првенството е во организација на Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ) и ќе се одржи во петата хала на Скопски саем со почеток во 12 часот.

Пред почетокот на борбите ќе се одржи судиски и тренерски семинар како подготовка за натпреварувањето.

Натпреварувачки и возрасни дисциплини на татами:
-деца (6-7 години) деца (8-9 години)
-помлади кадети (10-12 години)
-постари кадети (13-15 години)
-јуниори (16-18 години),
-сениори (со полни 18 и над 18 години).

Дисциплини во ринг:
-помлади јуниори(15 и 16 години),
-постари јуниори (17 и 18 години)
-сениори (со полни 18 и над 18 години).

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON