Државно изборно првенство: Фаворитите ги исполнија очекувањата, Металург-Макпетрол 2-2

Adil 2015-09-11 17.15.04

На Државаното изборно карате првенство за јуниори до 21 година се постигнаа резултати во границите на очекуваното, односно фаворитите ги исплонија очекувањата. Сепак, мора да се каже дека се очекуваше многу повеќе натпреварувачи од 40-те што се појавија денес во 12 категории во машка и женска категорија.

Борбата на денот беше во категоријата до 75 килограми меѓу Петар Заборски (Макпетрол) и Азис Исмаил (Металург), која Заборски ја одби со 2-1. Исламил поведе со 1-0, но Петар со смиреност во последната минута успаеа да направи превсрт и да победи. Оваа борба беше многу динамична.

Marrtin 2015-09-11 16.43.57

Мартин Стојменов (Партизан Кочани) не дозволи изненадување во категоријата до 60 килограми и во финалето го победи Никола Димитријевиќ (Макпетрол). Ова е успешно враќање на татмито по повредата што доби на тренинг пред Европското првенство во Цирих и немаше можност да го брани бронзениот медал од претходното ЕП. Тој ќе биде еден од адутите до Светското првенство во Малезија.

Adil Mehmed na drzavno od Jocka s

Една од поинтерсните борби беше и онаа во категоријата до 67 килограми меѓу Игор Таневски (Макпетрол) и Адил Мехмед (Металург), која заврши 1-1. Се се решаваше во последните 40 секунди, а посебно во 20-те до крајот. Се остана во рацете на судиите,кои победата му ја доделија на каратистот на Макпетрол, заради тоа што бил поактивен во борбата, од што во Металург беа незадоволни, зашто сметаа дек анивниот натпреварувач имал повеќе акции, но и чист поен.

Виктор Крсетвски (- 84 кг, Металург) немаше некоја потешка задача, туку рутински дојде до финалето и во тактичка борба го побдеди Орхан Билјали од Макпетрол. Додека во + 84 кг, Семир Ќосовиќ (Металург) беше подобар од Емануел Ристевски (Макпетрол).

Денешната финална пресметка во машка конкуренција меѓу Металург и Макпетрол е 2-2.

Vojdinoska 11.9.2015

Јована Георгиева (- 55 кг) од Македонка-Штип е прва со две победи, а Маја Војдиновска беше најдобра во кати, додека Фери Исиќ имаше најдобра изведба во машка конкуренција.

Како што рековме, имаше помал број на натпреварувачи од очекуваното, дали од тактички причини, знаејќи дека нема да можат да обезбедат место во репрезентацијата за СП во Малезија, или од други, ќе покаже времето.

Ќе се дополни….

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON