Каратистите на КK Фати, освен на Државното првенство за деца, вчера учествуваа со кадети и јуниори на „Улцин опен 2016“, при што освоија еден златен, еден сребрен и два бронзени медали.
Дритон Халими освои златен медал во категорија до 52 килограми во кадетска конкуренција, при што извјојува три победи.
Јуниорот Адриан Мамути (-61 кг) го освои второто место, а кадетите Бесар Салији (-63 кг) и Аријан Мамути (-57 кг) се трети.
Ipon.mk/В.Д.