По повод 28 Октомври – Светскиот ден на џудото, под мотото „Инклузија“, Џудо клубот Дрим од Струга заедно со своите партнери Порака ноца, Асоцијација џудетеана де џудо Мехединти од Романија и ЏК Макикоми Београд, Србија, ќе спроведат заедничко кординирано одбележување на денот во склоп на проектот Џудо4Ол.
Одбележувањето во Струга ќе биде на 28 октомври од 12 до 13 часот на ул. Маршал Тито (ново шеталиште).
Ќе се доделуваат едукативни матрејали за тренирање џудо на лица со интелектуална попреченост, а и одблиску ќе може да видат презентација на тренинг со лица со попреченост.