Дрикус ду Плесис го победи Шон Стрикленд со поделена одлука и го освои шампионскиот појас во средна категорија на УФЦ 297 во Торонто.
Двајцата влегоа претпазливо во дуелот, а во поголемиот дел од рундата си разменија удари во стоечката позиција. На минута и пол пред крајот Ду Плесис успеа да го собори Стрикленд, кој успешно се одбрани и ја врати борбата на нозе.
Тактичко надмудрување беше забележано и во продолжението каде Шон се закануваше со директи и добро ја контролираше борбата. Стрикленд статистички зададе повеќе удари.
Во последната минута Ду Плесис повторно се обиде да го собори Американецот, но Шон брзо стана.
На почетокот на третата рунда Дрикус имаше одличен ’висок удар’ кој донесе малку повеќе возбудувања во Торонто арената. Јужноафриканецот продолжи да се заканува со ножни удари.
Третата рунда, како и онаа претходното, беше многу изедначена, но целосно под контрола на Стрикленд.
Ду Плесис влезе доста агресивно во четвртата рунда и му се закани на шампионот со одлични комбинации. По еден удар го раскрвави Стрикленд.
Јужноафриканецот доминираше во продолжението, неколку пати го собори Шон, кој успешно се одбрани.
Последната рунда се водеше на нозе во која Стрикленд беше нешто попрецизен. Во последната минута и двајцата си разменија серија тешки удари, а победата на крајот отиде на страната на Дрикус ду Плесис.
NEW CHAMP ALERT 🚨#UFC297 | @DricusDuPlessis pic.twitter.com/qExDirZg61
— UFC (@ufc) January 21, 2024
Du Plessis wants @StyleBender next 👀#UFC297 | @DricusDuPlessis pic.twitter.com/W3y6BeAAHT
— UFC (@ufc) January 21, 2024
Во конасловната борба Ракел Пенингтон доминираше против Мајра Буено Силва и со едногласна одлука на судиите оствари убедлива победа.
Тоа беше шести триумф во низа на Американката со кој го освои појасот во бантам категорија и со тоа на тронот ја наследи Аманда Нунеш, која ја заврши кариерата.
Нил Мањи го победи Мајк Малот во третата рунда со огромен пресврт откако беше во потчинета улога во текот на целиот период.
Малот доминираше во првите две рунди пред својата публика, на што Мањи немаше одговор.
Американецот во последната ринда ја искористи физичката подготвеност и моментот на невнимание на противникот.
Мањи го собори Малот и на 15 секунди пред крајот со серија удари го принуди судијата да го прекине мечот. Тоа беше негова 29-та победа во кариерата.
Крис Картис го победи Марк-Андре Барио со поделена одлука во неизвесен натпревар.
Првите две рунди поминаа во тактичко надмудрување, каде никој не сакаше да ризикува.
Но, на почетокот на последниот дел и двајцата го забрзаа темпото и започнаа отворена размена на удари.
Посебно интересно беше во последната минута и половина, во која навивачите гледаа отворена војна меѓу Картис и Барио.
Во првата борба од главната програма Мовсар Евлоев со едногласна одлука на судиите го победи Арнолд Ален.
Третата рунда понуди најмногу возбудувања. Ален трипати го удри противникот во глава додека се бранеше од соборување.
Го раскрвави Евлоев, а судијата Годар ја прекина борбата поради можни недозволени удари, но средбата продолжи.
Мечот до крајот беше исполнет со акција во кој Ален бараше пресврт и победа, но Евлоев го издржа притисокот.
Резултати од УФЦ 297:
Диркус ду Плесис – Шон Стрикленд – поделена одлука (47–48, 48–47, 48–47)
Ракел Пенингтон – Мајра Буено Силва – едногласна одлука (49–46, 49–46, 49–45)
Нил Мањи – Мајк Малот – ТКО (удари), Р3 (4:45)
Крис Картис – Марк-Андре Барио – поделена одлука (30–27, 28–29, 30–27)
Мовсар Евлоев – Арнолд Ален – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Воведни борби:
Гарет Армфилд – Бред Катона – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Шон Вудсон – Чарлс Журден – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Рамон Таверас – Серхи Сидеј – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Џилијан Робертсон – Полјана Вијана – ТКО (тупаници), Р2 (3:12)
Сем Патерсон – Јохан Лејнес – завршница (гушење од позади), Р1 (2:03)
Јасмин Јасудавичиус – Присила Кахоеира – завршница (Д’арс давење), Р3 (4:21)
Џими Флик – Малколм Гордон – завршница (гушење со рачен триаголник), Р2 (1:17).