Дрикус ду Плесис, јужноафриканскиот шампион во УФЦ во средна категорија, покажа дека не е само шампион во кафезот.
Додека тренирал на плажата наишол на исфрлена бела ајкула. Наместо да повика помош или да чека, тој решил со свои раце да го повлече животното назад во морето. Навивачите масовно реагираат на акцијата која за некои е мешавина од восхит и неверување.
Ду Плесис објави фотографии од ајкулата на социјалните мрежи и додаде духовит коментар:
„Доведов неколку нови партнери за тренинг за мојот камп, но овој не успеа“.
Неговите зборови во комбинација со впечатливите снимки брзо станаа хит на социјалните мрежи. Фановите го нарекуваат „вистински херој“, а некои се пошегуваа дека дури и ајкулите не се безбедни од неговата моќ.
Дрикус ја започна својата кариера во 2013 година во Јужна Африка каде брзо се прославува во ЕФЦ лигата.
Освои титули во полусредна и средна категорија, привлекувајќи го вниманието на меѓународните промотери. Во 2020 година се пресели во УФЦ и оттогаш победува со стил. Неговиот агресивен стил и разноврсност во кафезот го направија еден од најстрашните борци во средна категорија.
Навивачите не само што ги почитуваат неговите достигнувања во октагонот, туку и неговата бестрашност надвор од спортот. Приказната за плажа дополнително го зацементира неговиот имиџ како шампион од карактер. Ду Плесис моментално се подготвува за реваншот со Шон Стрикленд кој ќе се одржи во февруари во Австралија.
View this post on Instagram