Драма во животот на Владимир Кличко, се раздели со Хајден

Владимир Кличко и Хајден Пенетир ја раскинаа нивната  свршувачка и ја споделија грижата за својата ќерка.

„Во оваа фаза Хајден и Владимир се разделени и заедно тие се грижат за својата ќерка Каја Евдокија. Таа е главно со нејзиниот татко и неговото семејство во Европа и Флорида. Тие, исто така, поминуваат многу време заедно со Хајден како семејство“, изјави извор за Е! Вести.

„Тие се во прекрасни односи и продолжуваат да бидат голем дел од животот едниот на другиот. Хајден е во Лос Анџелес и се обидува да дознае што ќе прави од сега“, додаде тој.

Вестите за нивната разделба доаѓаат како изненадување, бидејќи само пред еден месец тие беа на семеен одмор во Грција, каде што, според очевидци, тие изгледаа многу заљубени.

Актерката и боксерот започнаа врска во 2009 година, а нивната ќерка се појави на светот во 2014 година. Тие се свршени со години, но Хејден постојано кажуваше дека не се брза да застане пред олтарот.

Минатата година, таа отворено коментираше дека сè уште страда од постпартална депресија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON