Драгон договори борба против бартот на Леон Едвардс

43-годишниот Лиото Мачида (26-11) ја договори следната борба. Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија откри дека продолжува да се бори без разлика на возраста.

Драгон договорил да настапи на настанот на Белатор што ќе се одржи во Лондон на 13 мај, а противник е Фабијан Едвардс (9-2).

Бразилскиот борец има три порази во низа (Гегард Мусаси, Фил Дејвис и Рајан Бадер), а последниот го претрпе во април минатата година.

Фабијан е помладиот брат на следниот предизвикувач на УФЦ во полусредна категорија Леон Едвардс. Англичанецот има два порази во низа.

Настанот на Белатор во Лондон ќе го предводи мечот за титулата во полусредна категорија помеѓу Јарослав Амосов и Мајкл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON