Драгана Манговска втора, Димита Илиевски трет во Самобор

Dragana Mangovska srebren na GP Hrvatska 2016

Драгана Манговска од Металург во борбата за златниот медал во јуниорска конкуренција во категоријата до 47 килограми беше поразена од Инес Грдениќ од Велика Горица од Словенија на Гран при Хрватска во Самобор.

Димитар Илиевски (-67 кг, У-21) од Ботони беше трет во оваа својата категорија.

Денеска македонските каратисти освоија седум медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 4 борнзени, додека за каратистите на Металург ова е трет медал, два освоија каратистите на Олимпик спорт и по еден на Фати и Ботони.

Претходно Виктор Крстевски (-84 кг, У-21) од Металург и Доан Османи (-76 кг, јуниори) од Фати ги освоија бронзените медали, а утрово Фаик Весели (Олимпик спорт) го освои првот во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција, а Филип Несторовски (-70 кг, кадет) од Металург беше втор, додека Столе Смилковски (-57 кг), исто така од Олимпик спорт, во кадетска конкуренција го освои бронзениот медал.

На турнирот учествуаат рекордни 1813 натпреварувачи од 206 клуба и репрезентации од 23 земји.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON