Драгана, Азиз и Виктор отпатуваа за Дубаи на Карате 1 Премиер лигата

Вечерва отпатува група на каратисти за Дубаи каде што ќе се одржи вториот турнир на Карате 1 Премиер лигата во оваа година. Од Скопје за Дубаи полетаа каратистите на Металург Драгана Манговска, Азиз Исмаил и Виктор Крствески.

Утре, според пријавите, ќе патуваат и Емил Павлов, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, Пуликсенија Јованоска, Анегла Мојсовска, Вероника Костовска, Сара Радичевска, Наташа Стефановска, Моника Сефановска, Симона Заборска и Петар Заборски, а ќе ги води тренерот на сениорската репрезентација Сашко Арсовски.

На Премиер лигата во Дубаи ќе настапат 769 натпреварувачи од 409 клуба од 86 земји во светот.

Во Дубаи ќе настапи и ката тимот на Австралија во кој се поранешните репрезентативки на Македонија Мишела и Маријана Димоски и Киријана Камческа.

На првиот настап во Париз нашите каратисти не остварија значаен резултат, не освоија медал, па така ова е прилика да ги покажат своите вредности.

Да посетиме дека на Премиер лигата се собираат поени за изборување на олимписка норма за Токио 2020.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON