Дош Сантос: Цел ми е да го вратам појасот и да почнам да ја промовирам борбата против Дионтеј Вајлдер

Жуниор дош Сантос овој викенд во Минеаполис се бори против Френсис Нгану.

Поранешниот шампион со победа против Камерунецот повторно би можел да добие шанса да се борат за појасот со победникот од реваншот меѓу Даниел Кормиер и Стипе Миочиќ.

Ова е втор пат што треба да се бори со „Предаторот“, бидејќи во пресрет на првата 35-годишниот Бразилец наиде на проблеми со Анти-допинг агенција на САД откако беше објавено дека бил позитивен на допинг тестот.

На крајот успеа да докаже дека за позитивниот тест е виновен контаминиран суплемент.

Во мечот пред планираниот судир со Нгану, ЖДС загуби со нокаут во првата рунда во реваншот со Миочиќ. И покрај тоа, убеден е дека ќе го победи „Предаторот“ и дека овој никогаш не би се бореле за шампионската титула на УФЦ ако порано се борел со него.

„Всушност, тоа беше многу добро за него. Тогаш, ако се бореше со мене, немаше да се бори за титулата. Не би се борел со Миочиќ, бидејќи јас ќе го победев. Конечно, борбата ќе се случи. Тој го сака тоа, и јас го сакам тоа, сите зборуваат за него и во моментов е најголемиот предизвик во тешката категорија. Тоа е барем она што повеќето луѓе го мислат“, рече „Цигано“.

„Тој поседува голема сила. Ако добро ве погоди, готови сте. Тоа е сто проценти сигурно. Но премногу сила со премала контрола е бескорисно. Подготвен сум за најдоброто од Нгану, и ако тој не е подготвен да се покаже во најдобро издание ќе заврши нокаутиран. Во оваа борба одам на нокаут“.

„Верувам дека сум повешт борец од него. Подобар боксер сум од него. Знам дека тој зборуваше оти би се борел и во бокс. Тоа е добра можност за боксерски меч, бидејќи нема да избегнувам борба на нозе. Подготвен сум да застанам и да разменуваме удари. Се надевам дека и тој е подготвен. Можам да го нокаутирам којбило во оваа категорија и Нгану ќе биде следниот. Мојот бокс е доволно добар за да победам светски шампиони во бокс“.

„Ќе направам сé да дојдам до победа и нова борба за титулата“.

Дош Сантош подамна го прозиваше на меч Владимир Кличко, тогашниот владетел на тешка категорија.

„Кога бев шампион во 2012 година го предизвикав Кличко. Тој беше првак во тоа време и реков дека ќе го победам Владимир Кличко во бокс средба. Но, јас не сум добар промотор како Конор Мек Грегор. Тој дојде до борба со Флојд Мејведер. Кличко дури и ми одговори. Рече кога било, каде било, нешто во тој стил. Но, го загубив појас против Веласкез и веќе немаше смисла да се промовира таа борба“.

„Сега мојата најголема цел е повторно да се борам за титулата на УФЦ, да го вратам појасот и да почнам да промовирам борба против еден боксерски шампион“.

„Мислам дека тоа би можел да биде Дионтеј Вајлдер. Тој е голем шампион, нокаутира се околу себе и не бега од добра борба. Некои бираат борби, но тој не бира. Мислам дека тоа би бил добар меч и ако успееме да ги заинтересираме може да дојде до таа борба. Веќе долго време го гледам. Неговиот боксерски вештини се различни, но мислам дека совршено ми одговара. Гледам многу дупки кај него. Замислете дека сум во борба, а не мора да се грижам за уривање, удари со нога, нема џиу џицу, само бокс. Тоа би било рај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON