Дош Сантос против Нгану на УФЦ 239

УФЦ 239 доби уште една силна борба.

Настанот закажан за 6 јули во Лас Вегас го предводат шампионот во полутешка категорија Џон Џонс и Тијаго Сантос.

Аманда Нунес го брани појасот во бентам против Холи Холм, највена е борбата меѓу Бен Аскерн и Хорхе Масвидал, а во Вегас ќе одржи и голем тешкашки дуел.

Поранешниот првак Жуниор дош Сантос (21-5, 15-4 УФЦ) четврта последователна победа и нова борба за титулата ќе ја бара против Френсис Нгану (13-3, 8-2 УФЦ).

35-годишниот Бразилец е непоразен уште од мај 2017 година кога загуби во реваншот од Стипе Миочиќ.

32-годишниот Нагну се опорави од двата порази (Миочиќ и Дерик Луис) со брзи нокаути против Кертис Блајдес и Каин Веласкез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON